ШоуБиз

Новата девојка на Kris Humphries е „плукната“ Kim?! :)

Додека врската на Kim Kardashian со Kanye West буквално цвета, нејзниот поранешен сопруг Kris Humphries мирно молчеше – сѐ досега. Пред некој ден, тој бил фотографиран на една плажа во Мајами во друштво на непозната женска, која од далеку многу наликува на Kim. И по облините и по долгата, црна коса.

Според странските таблоиди, се работи за новата девојка на Kris, но негов близок пријател се обидел да ги негира овие написи со изјава дека девојката не е новото „жарче“ на Kris и дека тој едвај ја познава. На плажата, во нејзина близина бил само пет минути и ништо повеќе. Наводно, не оствариле никаков контакт.

Девојката, според зборовите на пријателот, случајно се нашла во близина на кошаркарот.

Write A Comment