Ако има место каде не би откажале да го поминете остатокот од својот живот, тогаш тоа дефинитивно е Бора Бора. Островот, познат уште како „Бисерот на Полинезија“ се наоѓа на 230 км од Таити и според последното пребројување бројот на жители изнесува 8800 души.
Дефинитивно најголемото богатство на Бора Бора е лагуната што нуди најразлични видови забава за туристите. Малубројни се местата во светот каде ќе најдете толку продорна, кристално чиста тиркизна вода, ситен снежен песок и огромно сонце што со неверојатни пејсажи ги спојува небото и земјата создавајќи го овој рај.















