ШоуБиз

Кристен Стјуард – следната Бонд девојка?

Кристен Стјуард која стана популарна со улогата во вампирската сага „Самрак“ може да биде идеална за улогата на следната Бонд девојка.

Агент 007 во чија улога ќе биде Даниел Крег сподели дека нема ништо против да работи со младата актерка. Тој дури призна дека е љубопитен да види што ќе се добие од соработката со неа.

„Зошто да не ги обединиме актерите од  двата добитни филма во моментов – последниот дел од Самрак и Skyfall кои се борат за челните позиции во Бокс офис“, изјави Крег.

Од друга страна Кристен неодавна сподели дека би се согласила за улогата Бонд девојка бидејќи од секогаш ја привлекувале сцените со оружје.

 

Напиши коментар