Најмоќните жени во светот за 2011 година
Кристина Лагард
Кристина Лагард (55 години) влезе во историјата кога беше прогласена за шефот на Меѓународниот монетарен фонд откако Доминик Штраус-Кан мораше да ја напушти позицијата поради наводниот секс-скандал. Иако родена во Франција, Кристина има поминато половина од својот живот во Америка, каде што се школувала и работела. Но, по нејзиното враќање во Франција, во 2007 година беше назначена за Министер за финансии во владата на Никола Саркози.

