Керозин

Криза??? А Ферари продаде рекорден број на автомобили

Италијанскиот производител на луксузниот автомобил Ферари, објави дека го оствари рекордот во продажба на автомобили во првата половина од 2012 година. Вкупно се продадени 3.664 автомобили, што претставува пораст за 7.4% во однос на продажбата од првата половина на минатата година.

Компанијата истакнала дека има нето профит од 131,7 милиони долари, што е повеќе за 10% од истиот период минатата година.

Продажбата на ферари е зголемена  во Кина, Сад и Европа.

Напиши коментар