Керозин

“Крлушка” која ќе ви го крене адреналинот до небо

„The Flake“ или крлушка, последниот дизајн на Da Feng, е покриена со парчиња од јаглеродни влакна на шарки. Секое од нив е поврзано со јаглеродни наноцевки со ситни соленоиди кои можат да ги направат да стојат или да се порамнат, како лута мачка која го накострешува крзното. Секоја „крлушка“, е направена од јаглеродни влакна, и може да оди од совршено рамно и порамнето до тоа да стои до скоро вертикално. Значи, ако сакате да одите брзо, сите снегулки лежат, но кога ќе свртите, сите снегулки, од една страна на автомобилот ќе застанат, помагајќи да се прилепи автомобилот до патот. На овој автомобил, неговите тркала се направени од дванаесет независни проширувања кои наликуваат на нозе, овозможувајќи прилагодување на контактната површина. 12те “нозе” се шират и допираат прилагодувајќи се на површината на патот и брзината на возилото, долниот дел на “тркало” се израмнува на високи брзини, претворајќи го кругот во D-форма, па Feng ги нарекува D-тркала.

Напиши коментар