Здраво тело

Круши – слатко и корисно

Крушите се богати со овошни шеќери, витамини А, Б, Ц и органски киселини. Витамините од групата Б му помагаат на организмот полесно да се справи со стресот. Ова вкусно овошје содржи и голема количина на магнезиум, калиум, фосфор, калциум, натриум, железо и сулфур.

Тие се богати и со танин и пектин, при што даваат долготрајно чувство на ситост. Ако сакате да ослабете доволно е да внесете барем две круши во текот на денот. Така ќе внесете два пати помалку калории од вообичаено.

Крушата дава енергија. Таа е добра за срцето, како и за болести на белите дробови. Поради големата количина на витамин Е, крушата е добар зајакнувач на имунитетот, а воедно и ја штити кожата од стареење.

Напиши коментар