ШоуБиз

Крв по нозете на Агилера?!

Ако се ѕвезди, не значи дека на нив не им се случуваат малери.

По сè изгледа на Кристина Агилера ѝ се случила мала несреќа за време на погребот на легендарната Ета Џејмс. Додека таа ја изведувала песната „At Last“ во црквата каде ѝ се оддавало почит на Џејмс, односно во Гардена, Калифорнија, сите присутни можеле да забележат како по нејзините нозе потекла чудна течност.

Сите би претпоставиле дека се работи за менструална крв, што би бил и најразумен одговор на оваа непријатност која ја доживеала Агилера во јавност. Малку подоцна, забележан е еден од нејзините соработници како ја брише по нозете. За жал, и тоа се случува! Мало невнимание, голема брука!

Напиши коментар