Здраво тело

Кучињата лекуваат човечки болести

Британски експерти го докажале своето научно мислење дека домашните животни и поконкретно кучињата можат да ги излекуваат своите господари од различни болести, а понекогаш дури и од сериозни и опасни болести.
Во многу студии до сега се докажало дека сопствениците на кучиња имаат многу помалку здравствени проблеми во споредба со луѓето што не сакаат и кои не чуваат милениче. Така например експертите го дале следниов пример – ако луѓето доживеале срцев удар и ако поминуваат извесно време со своето милениче додека се опоравуваат, 95% од нив ќе имаат многу побрзо опоравување од болеста.
Затоа ако сте болни не заборавајте дека вашето милениче може да ви помогне да се излекувате многу полесно – едноставно поминувајте малку повеќе време со него!

Напиши коментар