Мојата кујна

Куглоф – и кралевите го сакаат

Подгответе го вкусот кој ќе ве наврати во детството…

Потребни состојки за тестото:

–      250 гр путер

–      250 гр шеќер

–      3 јајца

–      2 големи лажици рум

–      500 гр брашно

–      1 кесичка пециво

–      околу 1/8 л млеко

За темното тесто:

–      30 гр какао

–      30 гр шеќер

–      2-3 лажици млеко

Подготовка:

Матете го путерот додека не се направи пенест, па постепено додавајте ги шеќерот, јајцата, румот. Измешајте го брашното со пецивото, па малку по малку додавајте во смесата со путерот. Најизменично со брашното ставајте по една лажица од млеко во смесата. Одвојте 2/3 од тестото и ставете го во намрсен калап за куглоф. Во остатокот измешајте го какаото, шеќерот и толку млеко, како повторно би добиле тесто кое тешко се одвојува од лажицата. Ставете го темното тесто врз светлото. Може малку со вилушка да направите простор за поубаво да навлезе темното тесто во светлото. Печете на 220 степени околу 60 минути. На крајот кога ќе се излади посипете го со шеќер во прав, а одозгора посипете и малку растопена чоколада.

 

Напиши коментар