Засладите се со вкусен куглоф со банана и чоколадо. Преубава комбинација кој ќе ви го разубави денот.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 грама путер
2 шолји шеќер
3 јајца
2 банани
2 шолји брашно
¼ прашок за печиво
½ шолја млеко
170 грама чоколадо за готвење
Ванилин шеќер за посипување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКАЖ:
1. Изматете го путерот, додадете го шеќерот, јајцата, испасираните банани, брашното, прашокот за печиво и ситно исечканата чоколада и матете додека не добиете компактна маса.
Смесата сипете ја во калуп за куглоф и печете во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови 45 минути ( можете со чачкалица да проверите дали тестото е печено)
Кога куглуфот ќе биде печен, додека е се уште топол ставате го на поголема чинија и посипете со ванилин шеќер или сечкани бадеми.
Совет:
Прелијте го куглуфот со топено чоколадо. За тоа ќе ви биде потребно уште едно 100 грамско чоколадо за готвење.
Уживајте!!!
