Куглоф + млеко = Одлична комбинација за лесна вечера!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 јаболко
60 грама брусници
100 грама суво грозје
150 грама шеќер
100 милилитри масло за јадење
250 милилитри кисела вода
½ кесичка цимет
2 кесички ванилин шеќер
1 прашок за печиво
350 грама брашно
150 грама шеќер во прав
3 лажици врела вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сите состојки осен шеќерот во прав измешајте ги (Јаболкото изрендај те го без лушпата). Калапот за куглоф премачкајте го со масло за јадење или путер и додадете ги измешаните состојки.
Печете на претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 50 минути.
Со чепкалка за заби проверете дали колачот е испечен. Кога куглофот ќе биде готов оставете го уште 10 минути во калапот.
Ставете го колачот на чинија и прелиј те го со глазура ( измешајте го шеќерот во прав со 3 лажици врела вода).
Уживајте!!!
