Sweet Home

Кујната Sheer bubble – футуристички кодекс за секоја жена

Современата жена и покрај сите перманентни обврски кои ги бара динамичното секојдневие, ужива во извршувањето на домашните задачи. Кујната Sheer bubble е спој од мал простор, кој на совршен начин ќе овозможи задоволство и практична примена, апсолутна потреба на секоја домаќинка.

Модерното „меурче“ всушност го добило името според самиот изглед во форма на топка, која се отвора, а има дијаметар од 148 сантиметри. Долниот дел содржи двоен мијалник, простор за готвење изработен од алуминиум и челик, со 4 инфраред горилници и 3 ладилници . Кога е  затворена „ топката“, горниот дел светка сензационално.

Сега секоја домаќинка може да биде задоволна од „просторијата“ во која поминува поголем дел, дури и од животот.

Напиши коментар