Art & Crafts

Кујнските алатки чисти и без рѓа

Без оглед на „скромниот буџет“ кој го имате издвоено за домашните алатки како ножевите, ножиците, истите знаат да потемнат и да фатат рѓа. После тоа следува нивно чистење, а тоа би било голем предизвик за една домаќинка, после секојдневните обврски. Повеќето се одлучуваат да ги фрлат но … немојте да ги фрлате…

Пробајте со оцет

Ако дамките од рѓа се мали, доволно е да натопите крпа со оцет и да го чистите металниот дел. Ако и вака не излегуваат, завиткајте го ножот во крпата и оставете го подолго време – дамките од рѓа ќе излезат. Потоа само измиете го со топла вода.

Компир

Ако не ви успеа со оцетот, тука е компирот. Едноставно, заријте го во компирот и оставете го да отстои осум часа. После тоа, измијте го.

Кромид

Исчистете ја површината на ножот или ножиците со кромид. Со помош на половина кромид истрлајте го ножот и ќе забележите кафеавата боја која ќе остане на кромидот. Тоа всушност е е апсорбираната рѓа.

Напиши коментар