Куќата која е правена по пример на куќата на Вилма и Фред од Каменковци е на продажба и тоа по цена од 3,5 милиони долари. Оваа куќа се наоѓа во Малибу.
Однадвор не остава некој посебен впечаток, но внатрешноста на куќата е перфектно уредена. Иако е инспирирана од камено време, сепак гламурот и елеганцијата не се избегнати.
Куќата се протега на простор од 23 хектари и се смета за архитектонско чудо на Малибу.












