Motherhood

Домашните миленици ги штитат децата од алергии

Децата кои од најраниот период од животот имаат свој домашен миленик се помалку склони кој добивање на алергии на дишните патишта, тврдат Германските научници на основа на спроведено истражување. Истражувањето е спроведено за да се отфрлат шпекулациите дека чувањето на домашен миленик додека детето е мало е штетно по неговото здравје.

Доктор Joakim Hajnrih, директор на истражувањето и неговиот тим, постојано нагледувале над 6000 деца од нивното раѓање до 6 години. Тие инсистирале родителите континуирано да пополнуваат формулари за здравјето на нивните деца, а истовремено на децата им била проверувана крвта како би се утврдило дали постајат специфични антитела кои ја откриваат алергијата.

Истражувањето завршило со зачудувачки резултати спротивни на оние кои преовладуваат. Имено децата што немаат домашните миленици, се склони кон можноста да бидат алергични на полен. Од друга страна пак оние кои дома имаат свој домашен миленик се стопроцентно сигурни дека нема да бидат жртва на алергии во понатамошниот развој.

Напиши коментар