ШоуБиз

Кул татко: Том Круз на луда забава со близначките на Плејбој

Многу брзо по разводот со Кејти Холмс, Том Круз се појави на забава во еден ноќен клуб во Лондон, каде Ди Џеј бил неговиот син Конор.

Конор е син на Том кој го посвоија со Никол Кидман. Откако влегол Том во клубот, најпрво забранил да се точи алкохол во Ди Џеј кабината, па откако ја завршил родителската должност започнал да се забавува. Тој цела вечер се забавувал и разговарал со близначките Карла и Мелиса, Плејбој зајачиците.

Едната од нив изјавила дека Том бил пријателски расположен и се забавувал со нив цела вечер. Тој изгледа преубаво, докажа дека во него сеуште има материјал за забава иако неоддамна наполни 50 години. Единствена мана е тоа што тој е премногу низок, па моравме да се наведнеме за да разговараме.

Напиши коментар