ШоуБиз

Купете си прстен како тој на Jolie!

Поминаа само неколку денови откако во јавност се појави свршеничкиот прстен на Angelina Jolie, а на пазарот веќе се појавија копии на истиот.

Американската компанија „Gemvara“ изработува и продава прстен кој многу потсетува на тој на Jolie, меѓутоа со цена соодветна за секој да може да си го дозволи прстенот.

Копијата од сребро и кристали може да се купи за 1.195 долари, додека оригиналот наводно чинел помеѓу 250.000 и 500.000 долари.

Познато е дека Brad Pitt долго време работел на создавањето на прстенот со кој ја запросил Angelina. Навистина се потрудил сѐ да биде совршено како би ја побарал раката на својата седумгодишна партнерка.

Write A Comment