Art & Crafts

Курс по правилно живеење…

Јас повеќе не чувам ништо. Ги употребувам кристалните чаши секој ден. Јас го облекувам моето ново сако кога одам во супермаркет, бидејќи јас сакам така. Јас не го чувам најдобриот парфем за посебни пригоди, го употребувам кога јас сакам.

Јас читам повеќе,  се нервирам помалку. Јас седам на тераса и уживам во пејзажот и не ми смета неискосената трева. Јас поминувам повеќе време со семејството, а помалку на работа. Сфатив дека, всушност животот е една целина исполнета со уживања, а не курс за да преживееш…

Фразите „ еден ден “ и „ некој од наредниве денови “, исчезнаа од мојот речник. Ако нешто е вредно да се види, слуша или прави, тогаш јас сакам да го видам, слушнам или направам СЕГА…

Јас не сум сигурен во тоа што би направил човек кога би знаел дека утре нема да биде помеѓу нас… Во што ли сé не веруваме ??? Јас мислам дека тој би бил во уште поголем контакт со својата фамилија, со своите најблиски пријатели. Тој можеби ќе ги повика старите пријатели, да му простат за некои поранешни несогласувања . Верувам и дека ќе направи се што посакувал да направи …

Ми смета што престанав да ги среќавам моите добри пријатели со кои „ некогаш “ сум сакал да контактирам. Ми смета што повеќе не пишувам писма, кои мислев да ги пратам  во „ некој од овие денови “. Ми смета и ме прави тажен, што не им кажував често на  моите родители, браќа, сестри и деца колку ги сакам. Сега, пробувам да не задоцнам. Не одам по страна… Не чувам ништо што би можел животот „ некогаш “ да го збогати со смеење и радост.

Секој ден си кажувам самиот на себе дека денес е специјален ден… Секој ден, секој час, секоја минута – е специјална !!!

Напиши коментар