ШоуБиз

Kutcher на прошетка во вселената:)

Актерот Ashton Kutcher ќе си ја исполни животната желба – ќе тргне на пат меѓу ѕврездите, но овој пат меѓу вистинските.

Сопственикот на компанијата Richard Brаnson потврдил на својот блог дека Kutcher си резервирал лет во вселената кој чини 200.000 фунти и напишал дека актерот е 500-тиот по ред „иден астронаут“. Сепак, Ashton е на малку подолга листа на чекање бидејќи тестирањето на леталото сеуште не е завршено, па не е познат ни точниот датум кога првиот ВИП патник ќе тргне на туристичка обиколка низ вселената.

–          Се водиме според најдобрите сигурносни стандарди со цел сѐ да биде во ред кога нашите клиенти ќе се најдат во вселената, особено со оглед на тоа што на првиот лет ќе бидам и јас со своите деца, – открива Branson чие богатство се проценува на околу осум милијарди долари, а е сопственик на околу 350 авиокомпании во склоп на „Virgin Airlines“.

Напиши коментар