ШоуБиз

Kutcher не ја крие новата девојка :)

Иако тврди дека со сценаристката и актерката Lorеnе Scafaria се само пријатели, Ashton Kutcher се повеќе време поминува со неа и во нејзино друштво се појавува пред будното око на новинарите.

Иако последниве неколку месеци го бие лош глас со оглед на тоа што ја изневери сопругата Demi Moore, па таа заврши на лечење и сеуште се лечи од депресија, изгледа Kutcher многу не се замара со тоа.

Често можеме да го забележиме како се дружи со разни девојки, но во последно време сѐ почесто може да се забележи со една иста.

Тој воопшто не ги крие излегувањата со Lorene, а минатиот викенд се забележани како одат на забава кај некои заеднички пријатели, видно расположени и со исцртани фигури на лицата.

Напиши коментар