Квасецот го ублажува уморот, го намалува холестеролот, а помага и при ублажување на болката. Тој е рудник на минерали кои се неопходни за нашето здравје. Богат е и со витамини како што се А, Ц и Е, а содржи и огромен број на витамини од групата Б.
Како и секоја друга протеинска храна тој е богат со фосфор, кој од организмот го зема калциумот. Затоа кога конзумирате квасец јадете и храна која е богата со калциум.
За да се освежите со богата количина на витамини и минерали подгответе еден волшебен пијалок така што две лажици сув квасец ќе прелиете со врела вода. Оставете нека постои половина час и испијте ја бистрата течност, а талогот фрлете го.
Доколку секојдневно пиете апчиња со пивски квасец ќе имате енергија, зајакнат имунитет и неверојатен тен. Да не заборавиме дека вашите коса, кожа и нокти ќе изгледаат безпрекорно.