ШоуБиз

Kylie Minogue добила крила? :)

Кога ќе чуеме некој да рече дека „добил крила“ тогаш најчесто се мисли на љубовна конотација. Некој е заљубен до уши или пак, постигнал огромен успех, па е задоволен.

Е, тоа не може да се каже и за пејачката Kylie Minogue која се прошетала со чевли на кои има крила. Се работи за модел на модниот бренд „Prada“, кој наводно чини дури 1.500 долари.

Џебната Венера со ваквите чевли се прошетала низ Лондон, се напила едно кафе и правец кон својата канцеларија.

Ваков ист модел, но во поинаква боја, порано имаат носено и Katy Perry и Fergie.

Напиши коментар