Мојата кујна

Ладен десерт со крем од малини

Потребни состојки за кремот од малини:

–      500 гр малини

–      700 мл вода

–      7 лажици шеќер

–      12 лажици гриз

За кремот од ванила:

–      1 л млеко

–      2 кесички пудинг од ванила

–      3 лажици шеќер

За подлогата:

–      200 гр мелени бисквити

–      80 гр маргарин

–      малку газиран сок со арома на портокал

–      шлаг за декорација

Подготовка:

Смелените бисквити прелијте ги со растопениот путер. За да не биде смесата премногу тврда ставете малку газиран сок. Со оваа смеса наполнете го долниот дел од калапот.

Ставете ја водата да врие со шеќерот и гризот. Кога ќе биде при крај со готвењето на гризот ставете ги малините и варете уште кратко. Оставете го кремот од малини малку да се излади, па ставете во калапот врз смесата со бисквити. Во литро млеко со шеќер ставете го пудингот да се вари. Кога ќе се излади ставете го врз кремот од малини, па оставете го калапот или малите калапи во фрижидер за да се излади убаво. Пред да го послужите десертот декорирајте го со шлаг и овошен прелив.

Напиши коментар