Здраво тело

Ладна бања после фитнес – да или не ?!?

Лежењето во када полна со ладна вода може да ја ублажи болката во мускулите, меѓутоа, сеуште останува нејасно прашањето, дали тоа е безбедно ?

Професионалните спортисти ја воведоа техниката на потопување во ладна бања после напорна физичка активност, за намалување на болката во мускулуте, односно спречување на појавата на воспалување на мускулите. Нешто подоцна, ова стана популарно и кај аматерите.

После анализите на 17 направени истражувања, во кои биле вклучени 366 луѓе, научниците се сложиле дека сеуште нема доволно докази кои би ја поддржале таа техника. Всушност, сите се согласуваат дека постојат подобри алтернативни начини за ублажување на болката во мускулите, како што се топлата бања или трчањето во место. Идејата со ладната бања која се нарекува криотерапија, е да ги намали отокот, болката и вкочанетоста, кои доаѓаат при големо напрегање на мускулите. Во истражувањето, учесниците кои претходно имале силни физички напори, биле замолени да влезат во када со температура на вода од 10 до 15 степени Целзиусови и во неа да поминат од 5 до 24 минути. Резултатите биле корисни, но само во поглед на седењето и одмарањето, потврдува Крис Бликли лекарот од тимот кој истражувал. Како и да е, предности од ладната бања, не биле покажани. Истражувачите се согласуваат и со тоа дека изложувањето на ладна вода може да биде навистина опасно и штетно за организмот и дека не се препорачува за секого. Особено, може да биде опасно за срцевите болесници.

Од друга страна пак, ставањето поединечни ладни облоги може да биде навистина делотворно. Сепак и со тоа бидете внимателни !

Напиши коментар