ШоуБиз

Lady Gaga доживеа мала несреќа на сцена!

Шоуто мора да продолжи, а кога станува збор за шоу сите знаеме дека нема подобар изведувач од феноменалната Lady Gaga. Таа, на својот концерт во Окланд, Нов Зеланд, случајно си ја удрила главата додека настапувала на сцена.

Се работи за песната „Judas“, и додека пејачката ја изведувала нумерата полна со самодоверба, еден од танчерите ја удрил со долга шипка, дел од реквизитите за на сцена. Gaga за момент се фатила за глава, но како вистински професионалец продолжила да пее без да испушти ни еден дел од текстот.

Подоцна пејачката изјавила дека можно е да има потрес на мозокот, но дека во секој случај ќе продолжи со настапите.

Напиши коментар