ШоуБиз

Lady Gaga накисна на празен стадион :)

Lady Gaga моментално се наоѓа во Јужна Кореа и се подготвува за својот концерт таму. Таа воопшто не се обесхрабрила кога дознала дека нејзиниот концерт ќе биде забранет за деца помлади од 18 години.

Само што отишла во Кореа, веднаш го посетила Олимпискиот стадион во Сеул, а сликите кои ги направила таму ги поставила на Твитер.

–          Лудувам на празниот Олимписки стадион во Сеул. Замислете како изгледа кога е полн. Ми се допаѓа и дождот, како Њујорк да дошол во Сеул, – напишала Gaga поздравувајќи ги своите обожаватели со бакнежи.

Пејачката решила да не ги коментира контроверзните гласини околу нејзиниот коннцерт во Сеул, туку да ужива во самотијата на стадионот.

Write A Comment