ШоуБиз

Lady Gaga сака да има еден куп деца!

Во едно интервју пејачката Lady Gaga си ја покажала својата мајчинска страна. Се работи за гостување во емисијата на Oprah Winfrey, каде екцентричната пејачка изјавила дека не само што многу сака деца, туку и дека би сакала еден ден да има цел фудбалски тим од деца.

–          Да, да, навистина го сакам тоа, – изјавила прилично конзервативно облечената Gaga. „Малку претерувам со тимот, но секако не сакам да имам само едно дете. Сакам неколку“.

Пејачката исто така признава и дека би сакала да има сопруг и сама да раѓа деца. Според неа, тоа е неспоредливо доживување. Таа сака семејство, но не сеуште. Треба да помине уште некое време пред да реши да се вдоми.

Напиши коментар