← НАЗАД НА БОЗА

Lady Gaga забранета за малолетни!?

Lady Gaga забранета за малолетни!?
985 Читања

Lady Gaga започнува со одржувањето на своите концерти низ Јужна Кореа, но таму влезот ќе биде забранет за помлади од 18 години бидејќи Gaga има песни кои се несоодветни за деца од таа возраст…

Одлуката пристигнала откако Одборот бил притиснат од голем број христијански здруженија кои барале концертот да биде откажан од причина што пејачката промовира непримерно однесување пред младите вклучувајќи и хомосексуализам и исмевање на религиските симболи.

Концертот кој треба да се одржи на 27-ми Април го означува официјалниот почеток на новата светска турнеја на Lady Gaga со наслов „The Born This Way Ball Tour“. Ова е четврт по ред музичар на кој му е забрането да настапува пред малолетна публика во Кореја.

Најпрво во 2005 година тоа му се случило на Marylyn Manson а потоа во 2006 година, малолетниците не смееле во живо да ги гледаат 50 Cent и Jay Z.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk