Убавина

Лак без меурчиња по ноктите

Тие ужасни меурчиња понекогаш толку многу дразнат! Може дури да треба да го направите целиот маникир повтрно поради нив. Ви предлагаме неколку едноставни совети со чија помош ќе го избегнете образувањето на меурчиња на површината на  лакираните нокти.

Не протресувај го шишенцето пред употреба. Повеќето  жени го прават ова за да добијат еднородна текстура. Но всушност кај квалитетните лакови ова е излишно, доволно е да го земете шишенцето помеѓу дланките и да го повртите бавно околу неговата оска, ова движење и топлината од рацете се доволни.

Нанесувајте го лакот само врз чисти нокти , за подобри резултати исчистете ги ноктите пред лакирање со памукче натопено во бел оцет, што придонесува лакот да се сврзе подобро и без меурчиња.

Нанесувајте тенки слоеви лак и почекајте секој од нив сосема да се исуши. Ако слоевите се премногу дебели неизбежно ќе се појават меурчиња.

Напиши коментар