ШоуБиз

Lana del Ray била зависник од тешки дроги?!

Најновиот спот на пејачката Lana del Ray за песната „Carmen“ ги воодушеви нејзините фанови, но истовремено многумина ги навел на помислата дека популарната пејачка некогаш била зависна од метамфетамини.

Во новото видео на Lana, веселите и летни глетки од Њујорк се менуваат во мрачни и необични сцени кои алудираат на халуцинации, а луѓе кои се поранешни зависници искоментирале дека последиците кои се појавуваат по земањето дрога се слични на тие претставени во видеото.

Пејачката уште повеќе го засилила сомнежот по коментарот даден на една обожавателка која била длабоко трогната од видеото и која долго време била зависник од тешки дроги.

–          Сѐ те разбирам. Те сакам. И јас се „тргнав“, па знам како одат тие работи, – бил нејзиниот коментар.

Напиши коментар