ШоуБиз

Lauryn Hill оди во затвор?

Познатата пејачка Lauryn Hill , 37, е оптужена за затајување на данок и тоа во период од неколку години. Наводно пејачката не ги пријавила приходите од 2005, 2006 и 2007 година. Се смета дека во тој период таа остварила приход од 1,6 милиони долари. Тоа се пари кои таа ги заработила најмногу од авторските права на музиката која ја прави како и од улоги кои ги толкувала во минатото.

Судењето за прекршокот на Lauryn е закажано на 29-ти јуни, при што доколку се утврди дека таа навистина го направила овој прекршок ќе треба да помине една година од својот живот зад решетки и да плати парична оштета од 100.000 долари.

Пејачката која живее во Њу Џерзи со своите шест деца сеуште нема дадено потврда дека овие информации се навистина точни.

Напиши коментар