Здраво тело

Лавандата во битка против болката и стресот

Прекрасната арома на лавандата може да се распознае во парфемите, сапуните, чаевите, тинктурите и мевлемите.

Лавандата се употребувала за лечење во продолжение на векови се до ден денес.

Таа делува позитивно при симптоми на стрес, емоционално растројство, болка и конкретно мигрена.

Според последното јапонско истражување материјата што ја има во лавандата наречена линалол ја елиминира внатрешната напнатост на организмот.

Молекулите на линалолот ги стимулираат невроните во мозокот и ја балансираат активноста на централниот нервен систем. Тоа ја прави лавандата идеално решение за состојби како паника, стрес, ниско енергетско ниво, хистерија, депресија, анксиозност и циклично расположение.

Нанесете масло од лаванда од двете страни на рбетниот столб и нежно масирајте, поставете го за инхалација или вдишувајте ја аромата од хартиена салфетка потопена во масло од лаванда.

За мигрена нанесете масло од лаванда врз слепочниците и бавно и нежно масирајте со кружни движења или пијте чај од лаванда.

Исто така многу добро би било ако поставите насекаде во домот снопчиња лаванда, што освен ќе ве заштити од молци, ќе создаде една позитивна и релаксирана атмосфера во вашиот дом.

Напиши коментар