Понудете им ги и на вегетаријанците!
Состојки:
- 600гр-тиквици
- 50гр-путер
- Бел бибер
- 12 кори лазањи
- Сол
- 100гр – горгонзола
- 50гр-моцарела
- 15гр-пармезан
За Бешамел сос
- 50гр – путер
- 50гр – пченично остро брачно топ 400.
- 1-л.млеко
- Мелен ѓумбир
- Мускатно оравче
- Бибер
- Сол
Начин на подготовка:
Измијте ги тиквиците и надолжно пресечете ги на тенки листови. Испечете ги на путер, посолете, побиберете и тргнете ги од оганот.
Лазањите проварете ги во посолена вода(2-3)минути во која сте ставиле неколку капки масло, за да не се залепат листовите или користете ги лазањите кои не се варат.
За бешамел сос: На путер лесно пропржете брашно. Постепено ставајте топло млеко со непрестано мешање, се додека не добиете густа смеса. Додајте сол, бибер, малку мускатно оравче и ѓумбир. На дното на ватростален сад (30-19см) ставете малку бешамел, наредете ги во ред лазањите, по нив распоредете го бешамелот, наренданото сирење и пармезанот. Печете околу 25мин.во рерна, загреана на220с.
Послужување:
Ако се поголеми тиквиците, извадете им ги семките, па пресечете ги на листови.
