Мојата кујна

Лазањи со тиквици и сирење

Понудете им ги и на вегетаријанците!

Состојки:

  • 600гр-тиквици
  • 50гр-путер
  • Бел бибер
  • 12 кори лазањи
  • Сол
  • 100гр – горгонзола
  • 50гр-моцарела
  • 15гр-пармезан

За Бешамел сос

  • 50гр – путер
  • 50гр – пченично остро брачно топ 400.
  • 1-л.млеко
  • Мелен ѓумбир
  • Мускатно оравче
  • Бибер
  • Сол

Начин на подготовка:

Измијте ги тиквиците и надолжно пресечете ги на тенки листови. Испечете ги на путер, посолете, побиберете и тргнете ги од оганот.

Лазањите проварете ги во посолена вода(2-3)минути во која сте ставиле неколку капки масло, за да не се залепат листовите или користете ги лазањите кои не се варат.

За бешамел сос: На путер лесно пропржете брашно. Постепено ставајте топло млеко со непрестано мешање, се додека не добиете густа смеса. Додајте сол, бибер, малку мускатно оравче и ѓумбир. На дното на ватростален сад (30-19см) ставете малку бешамел, наредете ги во ред лазањите, по нив распоредете го бешамелот, наренданото сирење и пармезанот. Печете околу 25мин.во рерна,  загреана на220с.

Послужување:

Ако се поголеми тиквиците, извадете им ги семките, па пресечете ги на листови.


Напиши коментар