Мојата кујна

Ледена јогурт торта

Потребни состојки за розев крем:

–      500 гр јогурт со јагоди

–      4 листа желатин

–      1 дл млеко

–      0,5 дл слатка павлака

Потребни состојки за жолт крем:

–      истите состојки како и за розевиот крем, само што наместо јогурт со јагоди ќе употребите јогурт со банани.

Подготовка:

Четирите листа желатин потопете ги во вода да набабрат, а потоа исцедете ги и ставете ги во јогуртот со јагоди.

Изматете го шлагот со 1 дл млеко, а потоа додадете го во јогуртот и желатинот. Во оваа смеса ставете ја и изматената слатка павлака. Убаво измешајте. Дното на садот наредете го со пишкоти, а потоа ставете го жолтиот па розевиот фил. Тортата ставете ја во фрижидер да се смрзне.

Напиши коментар