Мојата кујна

Ледено ладни коктели за освежување

Коктел со капини – потребни состојки

–      200 гр екстракт од сок од капини

–      300 мл сок од малини, растворен

–      150 мл водка

Измешајте ги сите состојки убаво, и додадете им многу лед, кој може да го иситните во блендер. Послужете додека е ладно.

Освежително вино со малини – потребни состојки:

–      60 мл газиран сок од лимон

–      120 мл пенливо вино

–      неколку гранчиња нане

–      неколку смрзнати малини

Измешајте го сокот со виното и ставете го во чаши, ставете неколку смрзнати малини и едно гранче нане.

За да биде коктелот ладен, би било пожелно виното и газираниот сок да ги ставите во фрижидер.

 

Напиши коментар