Дестинации

Леденото кралство Стокхолм !!!

Ве носиме северно, во градот под санти, местото на нестрашливите Викинзи, каде едноставно, се живее за викендите…

Стокхолм е неверојатниот град, кој многумина го нарекуваат „ Втора Венеција“. Можеби причина за тоа е неговата неверојатна поставеност, помеѓу езеро и море. Доколку ја сакате Скандинавија, а сакате да почувствувате вистинска зима… Добредојдени сте во Стокхолм !

Овој необичен град го сочинуваат 14 острови и со право се нарекува и „ Градот на мостовите“. Секој премин од еден во друг остров, претставува премин од еден во друг амбиент. Во средината на градот се наоѓа Gamila Stan ( стариот град ) од кој всушност, започнува сé… Целиот град претставува лавиринт од тесни улички, а со пешачење и премин преку неколку мостови, Вие веќе сте во модерниот дел од градот, кој воодушевува.Првиот впечаток што ќе го имате во овој град, покрај неодоливата убавина е фактот дека Стокхолм е најчистиот град во светот. Во него, невозможно е да најдете несредени улици, било каква гребнатинка… Целиот град е уреден преку нивоа кои постојат како пешачки зони. Места кои задолжително мора да ги посетите се: Музејот на Скандинавска и Европска уметност, ботаничката оаза Џургарден, музејот на Викинзите, прекрасниот и огромен аквариум, Грона Лунд, прекрасниот забавен парк…И уште една занимливост! Шведска има недостаток од мрак. Стокхолм има кратки но интересни ноќи и предоволно причини да го посетите …

Напиши коментар