Сé поминува… Освен желбата да останеш дете !
Доколку за момент сакате да ја остварите, Legoland, чудесното место во Германија изградено од 20 милиони лего коцки, Ве очекува…
Кога за момент ќе се најдете во минијатурниот свет, кое е вистинско архитектонско ремек дело, ќе заборавите на сите грижи и ќе бидете сведок на позитивни сценарија, кои се наоѓаат насекаде околу Вас…
Структурата на Legoland е поделена, така што постои „Екстремна зона“ создадена за љубителите на адреналинот. Тука се и „ Зоната на пиратите “ и „ Зоната на авантурите“, кои се скриени длабоко во џунглата и ќе го привлечат Вашето внимание преку фантастичниот див свет. На Ваше задоволство, можете да ја посетите и Lego фабриката, во која се изработуваат деталите , да ги сретнете џиновските роботите кои се толку срдечни што дури и ќе дојдат да Ве поздрават…
За крај, ќе можете да уживате во огромниот аквариум со стотици видови риби.
Уверете се дека сепак, можете барем за момент да се вратите во најубавиот период од животот…
Погледнете …

















