Здраво тело

Лековитите својства на хибискусот

Хибискусот е жбунеста едногодишна билка која е позната по богатите и раскошни цветови. Деловите од цветот се користат за подготвување на популарен пијалок во Египет наречен каркаде. Разни делови од хибискусот се користат за различни намени.

Хибискусот делува на зголемување на апетиотот, ги намалува симптомите на настинка, смирува при напнатост…

Хибискусот често се користи како благ лаксатив и диуретик. Тој содржи овошни киселини кои го намалуваат крвниот притисок, ги намалуваат грчевите во стомакот, ја исфрлаат вишокот на течност насобрана во организмот…

Постојат огромен број на прилики во кои се докажа дека хибискусот многу лесно го решава проблемот со високиот холестерол.

Хибискусот помага за брзо заздравување на површинските рани и исекотини. Потребно е да ставите чај од хибискус на стерилни гази кои ќе ги ставите на раните.

Напиши коментар