Здраво тело

Лековитите својства на ловоровиот лист

Ловорот како зачин, како лек или како венец е прифатен од луѓето уште пред илјадници години. Гранките на ова медитеранско дрво биле симбол за најголемата чест уште во античко време.

Ловоровиот лист се става како додаток во многу јадења, а на тој начин ние внесуваме огромен број на витамини и минерали меѓу кои може посебно да ги истакнеме витамините А и Ц, а од минералите железо и манган, калциум, калиум и магнезиум. Ловоровиот лист го олеснува варењето на храната, ја намалува болката во мускулите, и го смирува кожниот осип.

Чајот од ловоров лист ја смирува нервозата и напнатоста, го смирува надразнетиот желудник, ги намалува менструалните болки…

Облогите од ловоров лист може да го намалат кожниот осип и да ги излечат проширените вени. Доволно е само да капнете неколку капки масло од ловоров лист и ефектите ќе ги забележите веднаш.

Чајот од ловоров лист исто така се препорачува при настинка, грип и бронхитис. Го намалува кашлањето и болката која е предизвикана од истото.

Напиши коментар