Здраво тело

Лековитоста на копривата

Копривата е исклучително ценета билка во народната медицина. Уште пред многу години оваа билка се користела за прочистување на организмот и за јакнење на имунитетот.

Чајот од коприва е идеален за прочистување на бубрезите бидејќи делува како диуретик, и го исфрла вишокот на течности и токсини од нашиот организам. Затоа се препорачува при воспаленија на мочниот меур. Исто така се препорачува и на оние кои имаат проблеми со варење на храната како и со тврда столица. Копривата ги ублажува алергиските реакции. Доколку имате анемија чајот од коприва треба да ви се најде во секојдневното мени.

Чајот од коприва е исклучително добар за жените кои имаат проблем со нередовен или обилен месечен циклус. Исто така оваа билка ја зголемува количината на мелко при доењето на доилките.

Копривата се користи и во служба на убавината. Познато е дека таа го спречува опаѓањето на косата, одлично ја чисти кожата и ги намалува црвенилата.

Напиши коментар