Здраво тело

Лененото семе – чудотворно растение

Лененото семе е едно од најстарите култивирани растенија познати на човештвото.

Лековитите ефекти на лененото семе се должат на три основни компоненти:

– омега 3 масни киселини (што го регулираат имунитетот и активираат редица биохемиски процеси во организмот),

–  лигнани ( естрогени со антиоксидантни својства, што го регулираат хормоналниот баланс и го зголемуваат лачењето на хормони во организмот ),

–   растителни влакна ( неопходни за процесот на варење на храната и здравјето на целиот дигестивен систем ).

Освен Омега 3, лененото семе е богато и со Омега 6 и Омега 9 масните киселини кои се извор на магнезиум, цинк, витамините од Б групата, витамин Е и А.

Лененото семе ги извлекува токсините од организмот, абсорбира течности и делува позитивно при проблеми со респираторниот систем. Помага при главоболка, претставува превенција од најопасните видови рак како оној на репродуктивните органи, белите дробови и кожата, а при диабет го нормализира нивото на шеќер во крвта.

Навистина огомен е списокот со полезните својства на лененото семе. Лененото масло што се добива со ладно цедење од семето ги има апсолутно истите биохемиски својства и медицината препорачува лененото масло да биде дел од вашиот режим на исхрана. Користете го во салати или пак 1 супена лажица природно ленено семе наутро на гладно со чаша вода.

Напиши коментар