Со оглед на температурата треба да гледаме и на практичноста. А добро е и што модните дизајнери ни излегоа во пресрет, па ни понудија голем избор на долги и широки фустани.
Овие фустани се одлични за дневните излегувања, за вечерните прошетки, а во комбинација со впечатлив накит и високи потпетици може да ги носите и за вечерните забави.