Убавина

Лето – вистинско време да ја регулирате тежината !!!

Кога ќе слушнете „ лето “ сигурно помислувате на плажа, капење, сончање, одмор, со еден збор – уживање !!! Во суштина, Летото треба да Ве потсети и на свеж зеленчук, многу вода и доста течности…

Доколку сакате да ја регулирате Вашата телесна маса, Летото е идеално време да ја остварите Вашата мисиија… Навистина ви е дојдено до храна кога надвор е и повеќе од 30°C ???

Во текот на најтоплото годишно време високите температури влијаат на нашиот организам, барајќи зголемен внес на течности, кој би бил идеален да го внесеме преку чистата вода. Алтернатива можат да бидат лимонадата и свежо цедените сокови, лубеницата и дињата.

Сите оброци може да ги организираме така што ќе го користиме сезонското овошје и зеленчук.

За појадок јадете овошна салата, јагоди, малини…

Идеален ручек би било јадење без запршка, грашок, зелка, грав со месо, говедско или пилешко месо.

Вечерата  носи најмногу главоболки… Во Лето имаме: домати, краставици, зелена салата, млад лук, пиперки – сé што е свежо и домашно. Совршен оброк е комбинацијата од сé што е наведено со „ балсамико “ прелив или маслиново масло… и вечерата е спремна !!!

Секое утро или вечер, бидете активни: пливајте, трчајте, шетајте, возете велосипед, искористете ги предностите на Летото и уживајте во напредокот на духот и телото…

„Ако сакате нешто да направите – одете до крај !!! Во спротивно, не ни почнувајте !!!“

Напиши коментар