Познатиот моден бренд Џими Чу секоја сезона на своите обожаватели им испорачува двесте различни модели на чевли, погодни за секоја прилика во која една жена може да се најде – од елегантни, но спортски модели кои ќе додадат посебна нота на лежерниот изглед, па сè до сериозни, сексапилни и гламурозни сандали.
Во топлата сезона, Џими Чу вешто ги споил стилот и квалитетот, за кои овој моден бренд во минатото доби и меѓународно признание, а најновите чевли се истакнуваат по прекрасниот дизајн, силните бои и детали кои нема да поминат незабележано. Сандалите кои го одземаат здивот, доаѓаат во безвременските црни и беж нијанси, со многубројни испреплетени ременчиња кои ја прават оваа колекција препознатлива и вредна.