man fashion

Лежерно и слоевито

Стилистите предложуваат што поедноставни парчиња на облека како што се јакни, кошули, блузи, панталони кои ќе ги комбинирате лесно. Слоевито облекувајте се оваа пролет. Освен што е модерно, тоа исто така е и многу практично.

Затоа при комбинирањето на облеката имајте во предвид дека треба да имате на себе кошула, џемпер, или блуза и сако… Интересна комбинација за многу прилики е кошулата преку која ќе ставите џемпер кој ќе биде во спротивна боја со кошулата и панталоните.

Тука се и тенките дуксери кои може да ги комбинирате со еднобојни маици или пак маички со принт. Или пак ако го сакате спортско елегантниот стил одберете фармерки, кошула и елече. Комбинацијата завршете ја со патики.

Напиши коментар