ШоуБиз

Лиам Нисон загреан за исламот!?

Холивудскиот актер Лиам Нисон го доживеал своето патување во Турција како големо просветлување. 59-годишниот Нисон снимал филм во Истанбул и своите религиски дилеми решил да ги сподели со медиумите.

–          Пет пати на ден слушате повик за молитва и првите недела дена тоа ве излудува. Потоа некако ви влегува во душа и ви звучи како најубавата работа на светот. Постојат 4.000 џамии во градот. Многу од нив се неверојатно убави, навистина размислувам да се пробратам на ислам, – изјавил актерот.

Лиам, кој во својата биографија има бројни номинации за филсмки награди, признава дека е израснат со поинаква вера.

–          Израснав како католик, но мислам дека секој ден се преиспитуваме самите себе. Можеби не свесно, но што правиме на оваа планета, во што е целата поента? Постојано читам книги за Бог, за неговата отсутност и за атеизмот.

Напиши коментар