Убавина

Лице без подочници

Дали наутро прво нешто на огледалото што забележувате се подочниците? Ако е така сигурно потоа следи долга борба со нив да ги прекриете.

Но, подочниците може да сигнализираат и некаква болест, нормално доколку ги имате постојано без разлика колку спиете и што јадете. Тие може да даваат знаци на анемија, лоша исхрана, телесна исцрпеност, умор, проблеми со бубрезите, претерана детоксификација на организмот…

Водата е исто така важна за подочниците. Доколку телото не прима доволно течности, кога е дехидрирано резултира со некакви сигнали, а подочниците се едни од од нив.

Сончогледовото масло е одличен сојузник во борбата со подочниците. Ова е еден чуден но ефикасен третман кој се правел многу години наназад. Земете една лажица ладно цедено, нерафинирано сончогледово масло и во него додајте една лажица сув квасец. Со оваа густа паста намачкајте ги очите и оставете нека делува 10 минути. Потоа измијте се со топла вода. Подочниците ќе исчезнат.

Напиши коментар