ШоуБиз

Ликот на Whitney со пилули!

Некогаш пилулите можат да послужат како материјал за да се изработи уметничко дело. Во нашиов случај се работи за феноменален портрет на неодамна починатата музичка ѕвезда Whitney Houston.

Целиот портрет е изработен од пилули во различни бои кои се направени во вид на мозаик од страна на уметникот Jason Mecier. Досега, Mecier има направено слични портрети на пејачката Amy Winehouse, на кралот на поп музиката Michael Jackson и на Courtney Love.

Инаку, за време на смртта на Whitney во нејзиниот апартман во хотелот „Хилтон“ биле пронајдени неколку различни видови пилули.

Погледнете ја оваа оригинална идеја да ѝ се оддаде почит на уште една прерано згасната ѕвезда:

Напиши коментар